
Со возилото „рено клио“, со кое вчера околу 19 часот на улица 16-та Македонска Бригада беа удрени двајца пешаци, управувал 50-годишниот В.А. од село Сопиште.
Пешаците ко се повредени во сообраќајката се Јордан Н.(50) од Скопје и М.Н.(49) од село Кондово.
Од незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што од повредите Јордан починал, додека М.Н. е пренесен во Ургентен центар Скопје каде што е задржан за понатамошно лекување.