
Јувентус славеше во првиот натпревар од двомечот со Борусија Дортмунд, но победата имаше одредена цена, бидејќи се повреди главната алка во средниот ред, Андреа Пирло.
Тој во 37-та минута поради повреда мораше да го напушти теренот, а по завршувањето на натпреварот стигнаа информации според кои Пирло одреден период ќе отсуствува од терените.
Станува збор за повреда на листот и дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе биде во можност да игра на реваншот против Борусија во Дортмунд.
Сепак, и без Пирло, Јувентус покажа дека е квалитетен тим и благодарение на погодоците на Тевез и Мората дојде до победата.