
Полицијата во Торонто откри тунел долг десет метри во близина на спортскиот терен на Универзитет во кој меѓу другото пронашле предмет со симбол од Првата светска војна.
Невообичаното откритие е објавено со надеж дека јавноста ќе помогне во откривањето на причината за изградба на тунелот, како и оние кои го ископале.
Нема никакви назнаки дека е изграден како закана за јавната сигурност , како ниту дека е граден со намера за правење кривично дело, вели заменик шефот на полицијата на Торонто, Марк Саундерс.
Доколку тунелот се копал и панатаму би завршил под тениските игралишта и би ги заобиколил зградите во близина.
Начинот на неговата градба укажува на некои знаења за осигурување на стабилноста на тунелот, а влезот е откриен случајно.
Според фотографиите кои ги објавила полицијата сводовите на тунелот се зацврстени со дрвени греди.
Тунелот е затворен до крајот на истрагата.