
СДСМ шпекулира со различни бројки дека имало 26.000 прислушувани, па 20.000 и слично. Сето тоа наменски за да создадат страв кај луѓето дека којзнае што има за некој, односно да имаат можност да го балансираат гневот на граѓаните од фактотот дека едно лице како Зоран Заев го има нивниот приватен живот на компак дикс, дека го руши системот на оваа земја, дека директно ги нарушува државните интереси и ја руши приватноста на граѓаните, истакна премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека по денешната изречена затворска казна, за лицето кое веќе во целост го признало стореното кривично дело, паднале, како што рече, сите овбинувања во вода.
-Двете лица го признаа делото. Судот веќе едното лице З.К. го осуди и тој доби затворска казна, а пресудата е правосилна бидејќи тој во целост го призна делото. Со ова паднаа во вода и сите обвинувања на опозицијата дека ние стоиме зад прислушувањето за што тие немаат ниту еден доказ. Тоа им беше параван за да почнат со објавувањето и јавноста да ги ослободи од некаква одговорност, нагласи премиерот Груевски.