Јоноски во Ла Риоха стартуваше со пораз

Авантурата на македонскиот ракометен репрезентативец Ацо Јоноски во Ла Риоха започна неуспешно.

Тој вчера дебитираше за својот нов клуб, но Ла Риоха беше поразена на домашен терен од Гранољерс со 30:33, што е прв пораз за овој тим по серијата од девет едноподруго победи во АСОБАЛ.

Ла Риоха е второпласирана екипа на табелата во АСОБАЛ со 32 бода, три повеќе од третопласираниот Гранољерс. Максимален број бодови на врвот на табелата има Барселона на Кире Лазаров.