Познат идентитетот на починатиот битолчанец кај Ѓавато

Тешка сообрачајна несреќа се случи вчера на патот Битола – Ресен, на превојот Ѓавато при што животот го загуби четириесет и седумгодишниот Боби К. од Битола.

До несреќата дошло кога возилото марка „бмв“, управувано од Боби К. од засега непознати причини удрило во влекач „ман х 06“ со приклучна цистерна „вапсо“, управуван од албанскиот државјанин А.Е. (57).