Поднесени 320 барања за штети од поплавите во Новаци

Општина Новаци регистрира околу 300 барања за штети врз земјоделски површини, 20 барања за штети врз објекти и една куќа која е целосно уништена.

Од Општината наведуваат дека Комисијата за проценка на штети при општина Новаци постојано е на терен за утврдување на фактичката состојба.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски информира дека досега се собрани околу 1,2 милиони денари парични средства донации од повеќе компании.

– Од ФК „Вардар“ односно од неговиот сопственик Самсоненко  на семејството Мицевски чија куќа е целосно уништено ќе му се дадат градежни материјали во износ од 10.000 евра. Исто така, сакам да ги посочам ИМБ Млекара Битола, „Кромберт и Шуберт“, збратимените општини Хрпеље-Козина од Словенија и Дуги Р‘т од Хрватска, кои исто така финансиски ни помогнаа, но и поранешни жителите на општината, иселениците од дијаспората и други, посочи Котевски.