
Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе биде во посета на Србија во период од 26 февруари до 13 март, соопштила канцеларијата на ММФ во Србија.
„Мисијата на ММФ, што ќе ја предводи Сузана Мургасова, ќе го посети Белград во период од 26 февруари до 13 март, за да започне разговори за можната програма“, кратко соопштил Даехаенг Ким, постојан претставник на ММФ во Белград.