Атина: Грчката влада не ги дели земјите на пријателски и непријателски

Грчката Влада не ги дели европските земји и граѓани на пријателски и непријателски, коментираат претставници на официјална Атина во одговор на изјавата на шпанскиот премиер Мариано Рахој, кој побара од премиерот да биде „сериозен“ по изјавите дека Шпанија и Португалија ја поткопуваат Грција во нејзините преговори за долгот во Брисел, пишува МИА.

Премиер Алексис Ципрас беше должен на грчкиот народ во детали да му ги опише тешките преговори со Еврогрупата, изјавија високи извори во врска со обраќањето на Ципрас на централниот комитет на Сириза, јави дописникот на МИА од Атина.

„Секоја погрешна интерпретација на говорот на грчкиот премиер не помага во дијалогот“, истакнаа официјални претставници на грчката Влада.