Повеќе од 20 илјади повици на линијата „Ало докторе“

Вкупно 25.445 граѓани се јавиле за медицински совет на телефонската линија на „Ало докторе“ на бројот 02/15 123 од кога истата започна да работи.

Изминативе седум дена, заклучно со 1. март на линијата имало 1.305 повици.

За медицински совет се достапни дваесет доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најризлична симптоматологија, кардиовскуларни, респираторни симптоми, кашлица ,настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“  секој ден од 18 до 22 часот  за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

Др.Билјана Илиевска Поповска  од Институтот за ТБЦ денеска ќе биде дежурна на линијата од 18 до 22 часот, а утре Др.Тања Спировска  од Клиниката за анестезија,реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Задутре во кол центарот „Ало докторе!“ Проф.Др.Антони Новотни   од  Клиниката за психијатрија ,на 05.03.2015 четврток Др.Ирена Кафеџиска  од Клиниката за ревматологија и во петок на 06.03.2015 год. Др.Марија Хаџи Лега, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во сабота на линијата 02/15123 дежурен од 18 до 22 часот ќе биде др.Илијаз Исмаили, директор на  Клиниката за очни болести, а на 08. др.Ленче Неловска,  директорка на  Геронтолошкиот завод 13 Ноември .