Леонардо ДиКаприо како Југословен

Премиера на новиот филм на Ди Каприо во јануари 2016
Премиера на новиот филм на Ди Каприо во јануари 2016

Во новиот филм кој го снима „The Crowded Room“, Леонардо ДиКаприо ќе глуми 24 ликови.

Овој филм ќе биде снимен според романот за животот на Бил Милиган, човек кој заради нарушувањето на повеќекратна личност беше ослободен на суд.

Една од тие личности е криминалец од Југославија. Филмот ја следи приказната за судскиот процес против Милаган откако бил обвинет за грабеж и силување на три жени во Охајо. Во подготовките на одбрана, на Милиган му е дијагностицирано нарушување на повеќекратка личност, а неговите адвокати на суд докажаа дека една од тие личности го направила злосторството, а не Бил.

Леонардо меѓу другото, ќе го игра ликот на Адалин, лезбејка која ја презема одговорноста за силување, но и Раген, југословенски комунист кој признава дека е одговорен за грабежот.

Сценариото го напишаа Џејсон Смилович и Тод Катзберг.