
Иако во моментов е најпознат српски спортист, сепак кога се работи за љубовта кон клубот, дури и Новак Ѓоковиќ може да биде “омразен” во Србија.
Ноле и Виктор Троицки синоќа присуствуваа на кошаркарското дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда, кое се играше во рамките на АБА лигата, а популарните “гробари” на кои и тоа како им е познат фактот дека светскиот рекет број еден е голем фан на “црвено-белите”, го дочекаа со свирежи и погрдни скандирања.
Од друга страна пак, неговиот пријател Троицки беше пречекан со овации, бидејчи тој е еден од најстраствените поддржувачи на Партизан.
Натпреварот заврши со победа на Партизан од 77:63, а тоа беше само вториот пораз сезонава за Црвена Звезда на 23 натпревари во регионалното кошаркарско натпреварување.