
Карикатурата во последното издание на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ ги прикажува жителите на Доњецк кои по прекинот на огнот „бараат“ нова преокупација. Руските политичари ја нарекоа „гнасна“.
Цртежот под назив „Прекин на огнот: Досада во Доњецк“ ги прикажува жителите на завојуваното подрачје кои окружени со рушевини се прашуваат: „А зошто не организираме нешто со карикатуристи?“.
Шефот на комисијата за надворешни работи на рускиот парламент Алексеј Пушков изјави во неделата дека карикатурата е „гнасна“.
-Тоа не е слобода на изразувањето, напиша на Твитер Пушков, кој е познат по контроверзните изјави.