Во Женева заврши средбата меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, јави ТАСС.
Засега нема коментари за средбата од двете страни. Пред средбата беше соопштено дека тема на разговор ќе биде ситуацијата во Украина и Блискиот Исток.
Средбата на двајцата министри беше првата, по досега најтешкото обвинување што Кери го изрече кон Русија, околу украинскиот конфликт, обвинувајќи ја официјална Москва дека „постојано лаже“ околу својата улога во војната во Источна Украина.
Разговорите во Женева доаѓаат во услови кога во реонот на конфликтот веќе неколку денови се одржува кревко примирје во кое има повремени пукотници и од двете страни, но не се војува.
Претсатавник на проруските сеператисти изјави за Би-би-си дека тие целосно го повлекле своето тешко вооружување од линијата на фронтот, но дека украинската армија досега го има повлечено само антитенковскто оружје.
Набљудувачите од ОБСЕ потврдуваат дека тешкото вооружување се повлекува и од двете страни, но дека е прменогу рано да се тврди дека е целосно повлечено.
Американски новинари кои патуваат со Џон Кери, пишуваат дека државниот секретар на САД им рекол оти засега е рано да се зборува дека прекинот на огнот води кон запирање на непријателствата во Источна Украина.
Според податоците на ОН за состојбата со насилството и хуманитарната криза во тој дел од украинската територија, досега се загинати околу 6.000 луѓе. Неколку стотици се загинати во изминатите неколку недели,за време борбите околу градот Дебалцево и аеродромот Доњецк. Околу 1,25 милиони луѓе се водат како раселени по територијата на Украина.
Тој беше познат како остар критичар на политиката на претседателот Владимир Путин, а посебно на војната во Украина, бвинувајќи го Кремљ дека е „вмешан во конфликтот“. Немцов беше убиен во центарот на Москва, пред одржувањето на на најавениот анти воен митинг, што тој го организираше.