
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, модни додатоци, облека, обувки, стоматолошки материјал, ловечка муниција, козметички препарати и фалсификати. Откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока:
Девизи
– 26.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички се пријави за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Кај лицето се пронајдени вкупно 36.000 евра, од кои согласно законските прописи 10.000 евра му се вратени, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.
Облека, обувки и модни додатоци
– 394 разни текстилни производи, обувки и модни додатоци-бижутерија, откриени во 3 одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на патните торби на тројца патници кои допатувале во државата.Во првиот случај, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Брисел, пронајдени се 22 парчиња женска облека (фустани, здолништа со корсет и шалвари). Во вториот случај, во багажот на албански државјанин кој допатувал со лет од Истанбул, пронајдени се 66 парчиња облека (фустани, женски панталони, кошули и здолништа). Во третиот случај, во багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Виена, биле пронајдени 204 готови текстилни производи (женски блузи, кошули и марами), 87 парчиња накит-бижутерија (нараквици, синџирчиња, обетки и прстени) и 15 пара женски обувки (сандали, чевли и кломпи).
– 17 технички апарати (дигитални фотоапарати, таблет-уреди, мобилни телефони, LCD телевизор и лап-топ компјутер), 12 литри вино, 7 парчиња сребрен накит со маса од околу 26 грама (алки, прстени и синџирче), 13 тоалетни води и 424 парчиња бижутерија (алки, приврзоци, ѓердани, обетки, украси за манжетни, прстени, синџирчиња, рачни и џебни часовници), откриени на граничниот премин Блато, при контрола на патничко моторно возило со албански регистарски таблички, со кое за излез од државата се пријавиле двајца албански државјани. Возачот на возилото се обидел да ја избегне царинската контрола, упатувајќи се директно на пасошка контрола, но по ургенција на царинските службеници возилото било вратено назад. Патниците изјавиле дека се враќаат од Франција и дека немаат што да пријават за царинска контрола, но при прегледот на возилото, во 16 патни торби, сместени во багажниот простор и на задното седиште на возилото е пронајдена непријавената стока.
Царината, на скопскиот аеродром Александар Велики, откри и козметики препарати. Ловечка муниција илегура за забарски протези на граничниот премин Богородица. на граничниот премин Ќафасан откриени се и антибиотици и инсектициди за ветеринарна употреба.
Потоа, запленнети се и облека, обувки, ташни и лепила за автомобилски стакла со ознаки на заштитени трговски марки, како и технички производи.8%. При дополнителна проверка на царинската декларација, царинските службеници утврдиле дека се работи за препарат што треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 10%, стапка за ДДВ од 18% и акциза за алкохол, како и потребно Решение за увоз на пратка со храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 85 илјади денари.
Царинска измама
На царинската испостава Гевгелија, откриен е обид за избегнување на плаќање увозни давачки со погрешно распоредување на стока според царинската тарифа. Увозник од Скопје пријавил за увозно царинење препарат за третирање на овошки, деклариран во тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 5% и стапка за ДДВ од 18%. При дополнителна проверка на царинската декларација, царинските службеници утврдиле дека се работи за препарат што треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 10%, стапка за ДДВ од 18% и акциза за алкохол, како и потребно Решение за увоз на пратка со храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.