ВИДЕО:Украинските демонстрантите со катапулти фрлаа молотови коктели

Демонстрантите во Украина ги продолжија судирите со полицијата втор ден по ред. Тие дури изградија катапулти и со него фрлаа разни предмети кон полициските службеници.

Околу две илјади луѓе се собраа на Европскиот плоштад во близина на барикадите кои ги делат демонстрантите од полицијата.

По неколку часа тензија, судирите еруптираат повторно при што демонстрантите фрлаа молотови коктели, а полицијата се послужи со гумени куршуми.