За што разговарале Верушевски и Лазаревски преку Скајп?

Освен со шифрирани пораки инволвираните во случајот „Пуч“ комуницирале и преку социјалните мрежи. Полицијата откри како комуницирале првоосомничениот Верушевски и петоосомничениот Ѓорѓи Лазаревски, кои се обвинети за шпионажа, пренесе МТВ.

Комуникацијата, пренесува МТВ, ја вршеле преку Скајп, Верушевски под името Златко Велевски регистриран како „Оркестар 11“, а Лазаревски како „Кока-кола 10А“.

Извори од истарагата велат дека станува збор за обемен материјал, односно над 300 страници и 6.000 пораки директно поврзани со незаконските дејствија. Пораките датираат од 2012 година, но не се исклучува можноста комуникацијата да се одвивала од поодамна.

-Бидете уверени оваа мака нема да дозволам да биде бадијала. Би било навистина жалосно да ја изгубиме оваа позиција која неверојатно добива во квалитет., се вели во една од пораките.

На оваа порака нема одговор, бидејќи најверојатно корисникот „Кока-кола 10А“ не бил логиран на Скајп.

-Стануваме потребни и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли, знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив имаме големи перспективи.

„Чадорот“ што повеќепати се споменува во комуникациајта, според извори од истрагата, најверојатно ја претставува странската служба, за која работеле и која очекуваат заштита.