
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози на места со остатоци од снег по интервенција на нашите дежурни екипи. Снег со слаб интезитет провејува на П.Шапка-Маврово и Крушево кој несе задржува на коловозoт. Магла со видливост до 100м. има на планискиот превој Плетвар.
Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Крак-Маврово-Дебар.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.