
Триесет годишниот Г.К. вчера попладне со повреди на главата бил донесен во ГОБ„8-ми Септември“.
Повредата му била нанесена во чајџилницата во с.Долно Свиларе, скопско каде се сретнал со Х.М.(29) кој таму дошол со уште неколку лица.
-По кажување на Г.К. додека седеле на маса настанала вербална расправија помеѓу повредениот од една страна и Х.М. и останатите лица од друга страна, по што некој од напаѓачите извадил пиштол и испукал неколку куршуми, потоа наведените лица го напуштиле местото на настанот, информираат од полицијата.
Х.М. е приведен, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на останатите лица по што од полицијата најавуваат поднесување на соодветна пијава. Неофицијално нападот се случил поради нерасчистени имтно правни односи.