
Легендарниот бразилски фудбалер Адријано организираше забава во еден мотел на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, а за потребите на гостите изнајмил 18 проститутки кои ги платил 30.000 евра.
Бразилските медиуми наведуваат дека Адријано за потребите за приватната забава изнајмил мотел на плажа. Проститутките биле доведени од борделот што се наоѓа во близина, каде поради недостаток на „персонал“ постојаните муштерии биле револтирани.
-Адријано дојде со неколку пријатели и со себе ги зема сите проситутки, изјави сопственикот на борделот.
Инаку фудбалерот кој во моментов има 33 години, веќе неколку години се обидува да се врати во светот на фудбалот, а неодамна пропадна и неговиот трансфер во францускиот клуб Ле Авр. Во минатото тој настапуваше за Фламенго, Интер, Фиорентина, Парма, Сао Паоло, Рома и Коринтијанс.
фото: Kurir.rs