
Облачно време со услови за локално провејување на снег ќе преовладува денеска во Македонија.
Температурата ќе се движи од нула до седум степени, а ќе дува и умерен северен ветер.
Во Скопје слично време со температура до пет степени.
Од понеделник следува период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утрински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.