
Гром удри во познатата статуа на Исус Спасителот во бразилскиот град Рио де Женеиро.
Големото невреме што деновите зафати делови од Бразил предизвика огромни штети, а еден гром ја оштети и славната статуа .
Громот го оштетил десниот прст на статуата што се наоѓа на ридот Корковадо.
Од денеска почна реставрација на статуата, а градските власти сметаат дека им биде потребно повеќе од четири месеци за да ја завршат. Покрај оштетениот прст, работниците работат и на оштетувањето на главата исто така предизвикано од гром минатиот месец.
Властите планираат да постават посебна заштита на статуата која поради височинита често е мета на громотевици.
Статуата е висока 38 метри во 2007 година беше прогласена за ново светско чудо, а е направена од 700 тони зајакнат бетон. Таа е една од најголемите камени статуи на Исус во светот.