Гром повреди 31 војник од претседателската гарда во Бразил

Гром повреди 31 војник од претседателската гарда во Бразил, јавија локални медиуми. Инцидентот се случил во главниот град Бразилија, објави МИА.

Неколку луѓе загубиле свест, а неколку имаат изгореници. На повредените им била укажана лекарска помош и никој не е со повреди од кои може да биде загрозен животот, се додава во извештаите на медиумите во Бразил.