Изложба на уметничка фотографија: „Жените и фотографијата“

Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ ќе биде отворена во четврток, во 19 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во организација и координација на фото клубот „Куманово“.

Минатогодишната клупска изложба на уметничка фотографија, оваа година прерасна меѓуклупска изложба. Клубот брои познати автори како во Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаја да го закитат Куманово со бројни награди и успеси.

Постановката брои околу 40 фотографии на дваесетина авторки на ФК Куманово, ФК Битола, ФКК Прилеп, ФК Кавадарци, ФК Крива Паланка и ФК Кичево.