Шинид О’Конор откри зошто веќе нема да ја изведува „Nothing Compares 2U“

По 25 години изведување, Шинид О’Конор повќе нема да ја пее песната „Nothing Compares 2U“ со која постигна светски успех. Ексцентричната Ирка објасни дека повеќе нема да го изведува текстот со кој не чувствува никака емоционална приврзаност.

– По 25 години изведба, пред девет месеци исцрпев се што ми овозможи  во оваа песна да внесам емоции, напиша таа на нејзината Фејсбук страница.

– Не сакам публиката да дојде на мој концерт и да остане разочарана што нема да ја слушне песната, па затоа ве информирам дека повеќе нема да ја слушате, додаде таа.