
Џихадистичката Исламска држава објави дека им ги отсекла главите на четворица мажи кои регрутирале доброволци за борба на страната на владините сили во ирачката провинција Салахедин и постави цела низа на фотографии на инернет.
Сликите прикажуваат мажи облечени во црно како клечат на пуста улица, а крвниците стојат позади нив со ножеви во рацете. Останатите фотографии прикажуваат отсечени глави.
Во текстот се наведува дека настанот се одвивал во Салахедин каде ирачката војска и полиција, со поддршка од паравоени формации, пред две недели покренаа масовна офанзива како би го зазеле градот Тикрит од рацете на ИД.
Точното место каде се снимени фотографиите не е наведено, а автетичноста на сликите не може да се потврди од независен извор.