ФОТО: Како денес изгледа ќерката на Еминем

Еминем напиша неколку песни за неговата ќерка додека таа беше бебе. Голем број од нас ги помнат песните на Еминем Stan, Mockingbird и Hailie’s song, напишани токму за неа.

Но, годините летаат, па така Хејли Џејд Скот Метерс сега е 19-годишна девојка, која сите ги воодушевува со својата убавина.

На нејзиниот профил на Твитер Хејли објави фотографија, која стана вистински хит.

hejliii_2

Еминем (Маршал Метерс) се запозна со мајката на ХЕјли, Кимберли Скот кога имал 15, а таа 13 години.

Хејли се роди на Божиќ 1995 година, а Еминем и Кимберли се венчаа во 1999 година, но се разведоа две години подоцна.

Двојката повторно стапи во брак во јануари 2006 година, но повторно се разделија по само неколку месеци и оттогаш двајцата го делат старателството над Хејли.