
„СДСМ денеска во 14.00 часот на прес – конференција која ќе се одржи во Струмица во хотелот Тивериопол ќе ја објави 11 – та бомба. Се очекува пратеникот Панче Орцев да обелодени нови аудио снимки за изборни манипулации од прислушувани разговори меѓу високи функционери од актуелната власт“ е најавата која кружи по социјалните мрежи изминативе час и половина.
Интересен е моментот што СДСМ со своите медиуми не може да се координира за временскиот период на нејзиното одржување, како и дека монтираните аудио снимки од телефонски разговори повторно ќе бидат од високите функционери на власта, кои според логиката не би требало да постојат бидејќи, а според тврдењата на опозицијата, тие се оние кои прислушкувале.
И за оваа, 11-та бомба, повторно нема да ја имаме честа да ги слушнеме разговорите од опозицијата кои наводно се жртви на прислушување. Зошто од прислушкуваните сеуште немаме слушнато ниеден телефонски разговор е прашање кое опозицијата никогаш нема да го одговори.
Останува да видиме дали овојпат Центарот за монтирање на опозицијата точно и прецизно ги исекле разговорите и ги споиле на оној начин за тие повторно да бидат преставени како жртви или повторно ќе имаме експресно извинување до поранешниот лидер, кој заборавиле да го отстранат од разговорите.