Се гради пешачки натпатник меѓу Хиподром и Инџиково

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска го означија почетокот на градежните работи за изградба на пешачки натпатник преку автопатот Скопје – Петровец, што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба.

„Целта на овој проект е да се овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните од двете населби преку автопатот, кое сега е оневозможено. Изградбата на овој натпатник е од исклучително значење за жителите на овие места зашто оваа локација со години претставува црна сообраќајна точка на автопатот кон Петровец, со многу сообраќајни несреќи. Градот Скопје на оваа локација сега ќе изгради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, кој ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби. Натпатникот ќе биде долг 63 метри, а широк 5,4 метри. Површината за движење ќе биде широка 3,1 метар. По должината на натпатникот ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. На двете страни од оградата ќе бидат поставени две електронски информативни табли кои ќе овозможат емитување информации во боја, свртени кон коловозот. Новиот натпатник што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите. За изградба на овој натпатник Градот Скопје ќе потроши околу 38 милиони денари, а на терен ќе работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Изградбата на натпатникот треба да заврши за околу 9 месеци“, рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

natpatnik Hipodrom Indzikovo (5) natpatnik Hipodrom2 Objekt:			SUPERMARKET "VERO 2", SKOPJE