Нова систематизација во институциите

Согласно новите Закони за државни службеници и вработените во јавните служби институциите треба да направат функционална анализа, односно нова ситематизација на работните места со која би биле ефикасни. Токму новите систематизации, беа тема на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со претставниците од здравствениот сектор, труд и социјална политика, образование и култура.

Функцинална анализа на своите вработени и работните позиции треба да направат сите институции согласно Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавните служби кои што стапија во сила. Според овие закони ситематизациите имаат ограничувања за нови работни места. Максимум на 50% од постоечките вработени се дозволуваат нови работни места.

Новите систематизации треба да донесат подобрување на функионалнста на општините , за што е потребно истите да бидат што побрзо да се направат и да се достават до Министерството за информатичко опшество и администрација.

На стапувањето во сила на законите за дражвна администрација и вработените во јавните служби претходеа обуки за вработените во овие институции. На денешната средба се разговараше околу некои нејаснотии со претставници од здравствениот сектор, труд и социјална политика, образование и култура, за да може овие закони што побрзо да се имплементираат.