
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.И.(51), Д.И.(30) и А.Ј.(21) сите од село Брзак, кумановско, поради извршено „разбојништво“.
Тие на 21. овој месец, во близина на железничката станица во селото маскирани и облечени во војничка униформа со закана од гасни пиштоли, претставувајќи се како полицајци се обиделе да извршат разбојништво над девет сириски и два палестински мигранти. Откако еден од напаѓачите испукал куршум, настанала физичка пресметка.
Истражен судија за претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во времетрање од 30 дена.