
Аргентинскиот стратег Диего Симеоне ќе го продолжи договорот со Атлетико Мадрид и на клупата на шпанскиот шампион ќе остане до јуни, 2020 година.
Симеоне ја освои титулата во Примера со клубот по пауза од 18 години, а исто така стигна и до финалето на ЛШ, по што управата на клубот реши да го „награди“ со нов долгогодишен договор. Како што тврдат англиските медиуми преговорите се во завршна фаза и тој би требало да го потпише новиот договор најдоцна до вторник.
На клупата на Атлетико Мадрид, Симеоне седна во 2011 година и успеа да освои вкупно пет трофеи во пет натпреварувања – Примера, Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, Европа Лигата и УЕФА Суперкупот.