
Владимир Путин ја повика руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) да осигура безбедност за време на прославата на Денот на победата на 9 мај, како и за време на големи меѓународни манифестации, јави ТАСС.
– Ваша директна задача е да обезбедите највисоко ниво на антитерористичка заштита на меѓународните манифестации во Русија годинава, а пред се 70-годишнината од победата и самитот на БРИКС и ШОС во Уфа, изјави денеска рускиот претседател за време на средба со колегиумот на ФСБ.
Путин ја пофали службата, што ја наследи КГБ, за нејзината ефикасност во борбата против тероризмот, но побара таа доследно да продолжи со притисок на илегалните бандитски групи. Претседателот побара од ФСБ да спречи влез во Русија на борци, кои минале обуки на ИД, и да ги открие каналите, меѓународните врски и ресурсни бази на терористите.
Рускиот претседател истакан дека во 2014 година контраразузнавањето открило 52 кадровски соработници и 290 агенти на странски разузнавачки служби во земјата.