Пилотот на „Ербасот“ со секира се обидувал да ја скрши вратата

Пилотот на авионот на „Џерманвингс“ се обидел со секира да провали во пилотската кабина пред копилотот намерно да го насочи авионот кон планините и со тоа да ги одведе сите 150 патници во сигурна смрт, пишуваат германските медиуми.

Доказите од црната кутија покажуваат дека пилотот на авионот ја напуштил кабината за да оди во тоалет, што копилотот Лубиц го сикористил за да се заклучи в кабината и да го насочи авионот кон планините.

Според претставниците на француската истрага, на снимката може да се случне како капетанот повеќе пати го моли Лубиц да го пушти внатре, но не добива никаков одговор.

– Тој потоа тропал на вратата и се обидел насилно да влезе. Можете да слушнете како тој се обидува да ја скрши вратата, вели неименуван извор за Њујорк тајмс.

Германскиот весник Билд цитираше анонимни извори и објави дека пилотот дури се обидел да ја скрши вратата со секира, за да влезе внатре.

Според овие извори, тој удирал на вратата се додека авионот не се срушил во планините и најверојатно тоа се звуците што може да се забележат на крајот на снимката.

„Џерманвингс“ потврди дека во авионот имало секира поради безбедносни причини, што е практика на сите Ербас 320 модели. Засега истражителите не коментираат дали секирата била употребена.