
Авион на канадската компанија Ер Канада излета од пистата на Меѓународниот аеродром во Хаилфакс во југоисточна Канада, откако удри во далекувод. За среќа во несреќата нема повредени, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Раша тудеј.
– Авионот на летот 624 од Торонто излета од пистата по слетувањето, откако на аеродромот ненадејно снема струја, потврдила портпаролката на компанијата „Ер Канада“ на Твитер.
Сите 132 патници и петте члена на екипажот биле евакуирани од леталото кое претрпело поголема штета.
Никој од патниците не се здобил со повреди опасни по живот, но голем дел од нив се здобиле со помали повреди или биле во состојба на шок. Локалните болници очекуваат прием на 50-тина повредени патници, а двајца веќе се превезени во болница со брза помош.