
Kривична пријава против 34- годишниот охрижанец З.Ц. поднесе СВР Охрид поради основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Охриѓанецот во својство на одговорно лице и потписник на сметката од хотелот „Престол“ во Охрид, приходите од свадби и други веселби не ги прикажувал туку парите ги присвојувал за себе.
На тој начин, фирмата која стопанисува со хотелот ја ставил во долгови со што противправно прибавил корист од 997.194,оо денари.
Пријавениот З.Ц. остварениот промет го внесувал како позајмица од негово име на сметка од хотелот како би можеле да се подмират платите за вработените, не ги плаќал набавките, а приходот од свадбите и другите организирани забави не го пријавувал.