
Бизарната приказна за новороденчето со редок синдром од Клиниката за гинекологија и акушерство е главен пример за тоа колку е важна редовната посета на гинеколог, вели директорката Марија Хаџи Лега. Акушерите биле запрепастени од изгледот на новороденчето кое пред шест месеци било родено таму, пишува Република.
– Плодот беше со аномалија на кожата, односно марморизирана кожа, дефект на коските на черепната шуплина и други аномалии, многу редок синдром – појасни Хаџи Лега.
Бебето починало само пет дена по раѓањето, затоа што пациентката претходно не се контролирала, односно ниту еднаш не посетила гинеколог.
За жал, покрај жаболикото бебе лани имало и новороденчиња родени со аномалии на централниот нервен систем.