Во Шпанија уапсени 12 лица осомничени за тероризам

Шпанската полиција уапсила 12 лица осомничени за членство во криминална организација со терористички цели, објави МИА.

Во соопштението на полицијата се посочува дека лицата кои биле уапсени вчера се членови на организацијата „Координирани ахархистички групи“ и се осомничени за саботажи, поставување експлозивни направи и подготвување терористички акти.

Во операцијата се уапсени уште 14 лица поради пружање отпор. Апсењата се извршени во Мадрид, Барселона, Валенсија и Гранада.