
Кривична пријава е поднесена против И.К.(28) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Како што соопштува МВР, на Полициската станица за Граничниот премин „Долно блаце“ при контрола од страна на полициски службеници, било откриено дека пријавениот го фалсификувал идентификациониот број на моторно возило „Голф“ со косовски национални ознаки со кое се обидел да оствари влез во Република Македонија.
Од страна на судија од претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка условно две години казна затвор во рок од пет години да не изврши таков или друг вид на кривично дело, како и протерување со забранет влез од пет години во Република Македонија.