Семејството на петто осомничениот во „Пуч“ добило речиси 200.000 евра од СОРОС

30.000 евра само во последните четири години легнале на сметката на сопругата на петто осомничениот во случајот „Пуч“ од фондацијата Сорос на Владимир Милчин, пишува порталот „Курир“.

Повеќе години СОРОС го финансира семејството на петто осомничениот кој претставува врска меѓу Зоран Верушевски и Зоран Заев, а кои заедно со шесто осомничениот вршеле незаконско снимање.

Изминатите години износот кој на сметката на сопругата бил исплатуван достигнува речиси 200.000 евра. Месечните исплати кои завршувале на оваа сметка се меѓу 2.000 и 3.000 евра. Иако сопругата на петто осомничениот се води како вработена во Фондацијата Сорос на Милчин, ваквата сума на месечна плата сепак е преголема за македонски услови и износ на кој може да му позавидат дури и директори на банки.

Ваквиот висок износ отвора сомнеж за каква функција и намена биле исплаќани средствата секој месец. Институциите на почетокот на истрагата информираа дека огромни финансиски средства се пронајдени на сметка кај петто осомничениот, книшки со штедни влогови, како и акции на неколку правни субјекти. Покрај високиот износ на суми кои се пронајдени, петто осомничениот во „Пуч“ поседува и три автомобили, како и стан од 100 метри квадратни во централното градско подрачје. Воедно, не е исклучена можноста тој да има и друг вреден недвижен имот во Македонија.

Дека зад незаконското снимање по наредба на Верушевски стојат богати парични награди во своето сведоштво пред судот говореше и шесто осомниченот во случај, сега осуден на три години затвор. Тој јасно кажува дека заедно со петто осомничениот Ѓ.Л. работеле по наредба на Верушевски, кој пак соработката ја продолжувал со лидерот на СДСМ, Заев. Сега осудениот детално објаснил како го извршувале делото и како се одвивала целата постапка на нелегално снимање посочувајќи во своето признание дека за стореното дело по наредба на Верушевски, биле богато финансиски наградувани.

За што биле наменети високите парични средства кои на сопругата на Ѓ.Л. и легнувале на сметка не е познато, но она што јавноста одамна го знае е дека Фондацијата Сорос  е позната по финансирање на активностите кои ги спроведува опоцизијата.

За познавачите на состојбите оваа врска на СОРОС не изненадува имајќи во предвид дека оваа Фондација отворено ги поддржува и финансира медиумите кои имат улога да ги бранат ставовите и активностите на СДСМ, како Плус инфо, Либертас.., но и невладините организации кои ги поддржуваат политиките на опозицијата. За познавачите ова го комплетира мозаикот кој постои меѓу СДСМ и СОРОС.

Дополнително, официјалните податоци на СОРОС покажуваат дека 93 милиони евра се издвојувани за финансирање медиуми, експерти, невладини организации кои имаат за цел да ја фаворизираат СДСМ.