Силното европско невреме одзема 9 животи

Девет лица загинаа како последица на силното невреме која ја зафати Централна Европа. Ветерот кој дуваше со брзина од 192 километри на час предизвика сериозни проблеми во Австрија, Германија и Швајцарија.

Поради бурата „Никлас“ уништени се многу куќи, автомобили и електрични столбови поради што илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, пренесува Дојче Веле.

Од невремето, најмногу е погодена Германија каде 7 лица го загубија животот. Германската железница денес го запре локалниот сообраќај во покраината Северна Рајна Вестфалија. Сериозни проблеми има и во градовите  Дизелдорф, Билефилд, Келн и Дортмунд, како и во јужната покраина Баварија, поради што е прекинат железничкиот сообраќај на релација Аугсбург-Минхен.