
Антибиотици, лекови за намалување на масти во крвта, висок крвен притисок, лек за шизофренија, цитостатици – по седми пат се намалија цените…
Од денеска 542 леков иво аптеките ќе можат да се купат по пониска цена. Дел од нив граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена. Антибиотици, лекови за намалување на масти во крвта, висок крвен притисок, лек за шизофренија, цитостатици – по седми пат се намалија цените.
Најголема заштеда има кај лековите против згрутчување на крвта и остеопороза. Освен државата, бенефитот од намалената цена ќе имаат и граѓаните. Заштедата е околу милион и 600 илјади евра.
По период од шест месеци, следува осмото намалување не цените на лековите. Со досегашните шест намалувања на цените, поевтинија речиси 4.000 лекови, а заштедите се над 36 милиони евра.
Целта е да се унапреди достапноста на лековите до граѓаните, а заштедите да се искористат за инвестиции во здравствениот систем.