
Во трговскиот центар „Капитол“ беа доделени наградите за најдобрите и најкреативни маски инспирирани од лик од книга.
Учениците Петар Лазовски од ООУ „Александар Македонски“, Ратко Цукиќ од ООУ „Блаже Конески“, Деа Јаначковска од ОУ „Лазо Ангеловски“ и Леа Христовска од ОУ „Љубен Лапе“, како најуспешни креации инспирирани од ликови од книгите, од ЕВН добија таблети со апликации за читање електронски книги.
Инаку, по повод одбележувањето на денот на смеата и шегата, во градинката „Срничка“, објект „Бамби“, беше одржана работилница со родители за изработка на смешни капи и костими со еколошка содржина. Родителите им помогнаа на своите деца да соберат материјали кои се реупотребливи (хартија, пластика) и од нив да изработат облека и капи.
Исто така, и во повеќето други детски градинки и основни училишта беа организирани паради со маскирани деца.