
Перспективната и млада пејачка која се прослави на X Фактор во Англија, ненадејно почина на 19-годишна возраст.
Моли Џоунс која сите ги освои со својот глас, била на работното место во кафулето каде работи, и се пожалила дека не се чуствува добро. Набрзо се срушила на подот и била веднаш однесена во болница, каде за два дена починала од крварење во мозокот. Нејзините најблиски се во шок.
Моли редовно пеела по кафулињата и на многу шоуа.