Продолжуваат судирите на протестите во Киев

И покрај примирјето и отстапките кои ги понуди престедателот Виктор Јанукович, денеска во Киев е повторно напнато, а по полноќ имаше изолирани судири.

Киев е епицентар на најголемата политичка криза во Украина од 1991 година која трае веќе два месеци. Утринава е релативно мирно, но стотина демонстранти и понатаму се на една страна на барикадите, а силите на безбедноста на другите.

Украинското министерство за внатрешни работи во специјално соопштение порача дека некои радикални сили над кои водачите на протестите немаат контрола, продолжиле да ја провоцираат полицијата и да употребуваат сили. Се чини дека долготрајните преговори меѓу опозицијата и власта како и прелиминарните договори за премирје, не вродуваат со плод.

Демонстрантите ноќеска ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели. Густ чад од запалени гуми се креваше над градот , а се слушаа и поединлчени експлозии, гранати и петарди.