Осми април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.