
Во Вишиот суд во Суботица денеска се оддржа рочиштето на Драган Ѓуриќ, осомничениот за силување и убиство на малолетната Тијана Јариќ.
На рочиштето присуствуваше и таткото на малата Тијана, Игор Јуриќ.
Тој изјавил дека убиецот на неговата ќерка не го погледнал додека биле на рочиштето.
„Чувствувам гадење како толкав човек можел да и го направи тоа на мојата ќерка Тијана која беше толку нежна и кротка“, додал таткото.
– Сега кога го видов, не се доволни ни 80, ни 90 дури ни 1000 години, рекол Јуриќ и додал дека ќе продолжи да бори за оние како Драган да добијат најстрога казна.