
Две жени денеска се уапсени во Њујорк под сомнение дека се подготвувале да направат и да активираат бомба.
Според телевизијата Ен-Би-СИ двете жени биле поврзани со Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.
Ноел Веленцас (28) и Ејша Сидики (31) имаат американско државјанство и живееле во њујоршкиот регион Кунис.
Тие на интернет барале можни цели за напад, пренесува телевизијата и ќе бидат изведени пред Федерален суд во Бруклин.