
Две рачни бомби и една рамка за автоматско оружје во која имало 30 куршуми со калибар од 7,62 милиметри се пронајдени денеска околу пладне во Тетово од четириесет и петгодишен тетовец.
Како што соопшти полицијата, тетовецот ги забележал бомбите и муницијата на депонијата, во непосредна близина на силосите на „Жито Полог“ во Тетово.
Полицијата направила увид, а бомби и муниција се пренесени за вештачење од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
Се истражува кој, кога и зошто ги оставил експлозивните средства на тоа место.