Како да му се помогне на „Фокус“ од тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра?

„Денешен“ покренува иницијатива како да му се помогне на „Фокус“ од тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра. Еден од начините е Бранко Црвенковски и Хари Костов да ги вратат 50-те илјади евра кои му ги зедоа на „Фокус“ во 2006 година, за неделникот да може да ја надомести глобата од 6.000 евра која како обештетување треба да му ја исплати на Мијалков. Воедно, ќе им останат и голем дел од парите за нивно финансирање, со оглед на тоа што повеќе од 40 илјади евра ќе имаат вишок.

inicijativa1Изминативе денови е актуелна судската одлука според која главниот и одговорен уредник на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостоловски за клевета на првиот човек на УБК Сашо Мијалков треба да му платат 6.000 евра, плус да ги надоместат трошоците на неговиот адвокат.

„Денешен“ покренува иницијатива како да му се помогне на неделникот „Фокус“ да ја плати тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра, за нарушување на честа и угледот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

inicijativa2Според пресудата, сумата од 6.000 евра која сега Фокус треба да ја исплати како обештетување е многу помала од сумата која во 2006 година сега починатиот Никола Младенов и „Фокус“ ја платија на тогашниот претседател Бранко Црвенковски и генералниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов, за аферата “Швајцарски сметки”. Кога ќе се согледаат казните, може да се види дека казната која сега треба да ја плати „Фокус“ е минимална во споредба со парите кои Бранко Црвенковски и Хари Костов ги добиле.

Тогашните пишувања на неделникот “Фокус” дека Црвенковски има 210 илјади долари на сметка во швајцарската банка „Америкен експрес банк“, тогашниот претседател ги оцени како “целосна лага и груб фалсификат”, по што го тужеше весникот.

Црвенковски тогаш во приватната тужба до Никола Младенов бараше 50 илјади евра отштета за клевета, додека судот одлучи дека новинарот треба да плати 30 илјади евра, што воедно беше и се уште е највисока казна која му е досудена на новинар. Покрај Црвенковски, пари од „Фокус“ доби и Хари Костов, со што целосната глоба изнесуваше над 50 илјади евра.

Токму поради ова, Денешен покренува иницијатива како да му се помогне на „Фокус“ од тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра. Еден од начините е Бранко Црвенковски и Хари Костов да ги вратат 50-те илјади евра кои му ги зедоа на „Фокус“ во 2006 година, за неделникот да може да ја надомести глобата од 6.000 евра која како обештетување треба да му ја исплати на Мијалков.

Воедно, во интерес на неделникот и со цел да не згасне како што рече самата уредничка, ги повикуваме Јадранка Костова, Бранко Героски, Владимир Милчин и останатите квази борци за правата на новинарите и слободата на изразување, заедно да се состанат и да отидат кај Бранко Црвенковски и Хари Костов кои во 2006 година добија над 50.000 евра од „Фокус“, како би можело да му се помогне на неделникот од тужбата на Мијалков вредна 6.000 евра. Воедно, ќе им останат и голем дел од парите за нивно финансирање, со оглед на тоа што повеќе од 40 илјади евра ќе имаат вишок.